Turisticka agencija Danibela turist Tetovo
  • лето Албанија 2025
  • хотел Лондон Спиле
  • Ксамил*вила СТЕФИ
  • вила Билеро Ксамил
  • хотел ХОЛИДЕЈ Велипоја
  • хотел Луми Драч
  • Вила Кливен Драч
  • хотел Ривиера Драч
  • сушањ-суто море
  • солун -шопинг
  • НЕА ВРАСНА ГРЦИЈА
  • лето Албанија 2025
  • Booking online
  • Неа Флогита Грција
  • ХУРГАДА
  • ТУНИС
  • АНТАЛИЈА
  • БОДРУМ
  • контакт и резервации
  • oпшти услови
  • Упатство и правилник за резервации
  • tunis djerba

NOVA GODINA 
SARAEVO

САРАЕВО И МОСТАР ЗА НОВА ГОДИНА СО 2 НОЌЕВАЊА
30.12-03.01.2022
Цена  5.890,00 ден (95€ )
1 ДЕН: 30.12.2021 Тргнување на групата за Мостар во 18 часот. Се патува преку граничниот премин Блаце,Косово,Албанија и Црна Гора. Попатни паузи за царински формалности и кафе паузи.
2 ДЕН: 31.12.2021 Пристигнување во  Мостар, разглед на градот и стариот Камен Мост,Саат Кулата, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, попатна посета на срушениот мост од Втората Светска војна  познат како битката на реката Неретва. Пристигнување во Сараево, посета на Врело Босне, изворот на реката Босна, сместување во хотел. Дочек на Новата Година.Ноќевање.
3 ДЕН: 01.01.2022 Појадок, по појадокот разглед на градот со локален водич,  тунел спаса-жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. Прошетка и разглед на: Хусревбеговата Џамија, Катедралата, Принциповиот мост, местото на атентатот на Франц Фердинанд, Баш Чаршија и др.Слободно време. Ноќевање.
4 ДЕН: 02.01.2022 Појадок, по појадокот одјавување од хотелот. Тргнување кон Камениот Град ( Андреев Град ) со попатна посета на мостот на Дрина-Вишеград и Дрвенград – туристичката населба на Мокра Гора, градот изграден по мерка на Емир Кустурица. Во попладневните часови тргнување кон Скопје.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Превоз на релација Скопје-Сараево-Скопје
Разглед со локален водич на Сараево
Посета и разглед на Мостар, Дрвенград и Вишеград
Сместување во хотел  3*  на база 2 BB( ноќевање со појадок) во Сараево  
Придружник за време на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Задолжително патничко осигурување 250,00 ден.
Доплата за сингл соба е 20 евра дополнително од аранжманот
Влезници 
Тунел спаса  15 €
Дрвенград       3 €
Напомена!!!
За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници. За овој аранжман важат општите услови на Т.А. Виста турс. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
Covid 19 – Услови
За влез во  Босна и Херцеговина, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:
- Да се потполно вакцинирани со пропишан број на дози вакцини против корона вирус пред влез во Босна и Херцеговина, која е издадена од овластена здравствена установа;
- Негативен резултат од PCR тест на корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и да не е постар од 72 часа;
- Позитивен резултат од PCR тест ( прележан ) на корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија постар од 14 дена, а не е постар од 180 дена од денот на издавањето;
- Негативен резултат на брз антигенски тест на корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и не е постар од 48 часа.
Covid 19 – Услови
За влез во Македонија назад, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:
-  Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19 со поминати 14 дена од втората доза;
- Сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето;
- Медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во Македонија или
- Негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез во Македонија.
За лица до 18 години, не се задолжителни гореспоменатите документи.




Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • лето Албанија 2025
  • хотел Лондон Спиле
  • Ксамил*вила СТЕФИ
  • вила Билеро Ксамил
  • хотел ХОЛИДЕЈ Велипоја
  • хотел Луми Драч
  • Вила Кливен Драч
  • хотел Ривиера Драч
  • сушањ-суто море
  • солун -шопинг
  • НЕА ВРАСНА ГРЦИЈА
  • лето Албанија 2025
  • Booking online
  • Неа Флогита Грција
  • ХУРГАДА
  • ТУНИС
  • АНТАЛИЈА
  • БОДРУМ
  • контакт и резервации
  • oпшти услови
  • Упатство и правилник за резервации
  • tunis djerba