Turisticka agencija Danibela turist Tetovo
  • лето Албанија 2025
  • хотел Лондон Спиле
  • Ксамил*вила СТЕФИ
  • вила Билеро Ксамил
  • хотел ХОЛИДЕЈ Велипоја
  • хотел Луми Драч
  • Вила Кливен Драч
  • хотел Ривиера Драч
  • сушањ-суто море
  • солун -шопинг
  • НЕА ВРАСНА ГРЦИЈА
  • лето Албанија 2025
  • Booking online
  • Неа Флогита Грција
  • ХУРГАДА
  • ТУНИС
  • АНТАЛИЈА
  • БОДРУМ
  • контакт и резервации
  • oпшти услови
  • Упатство и правилник за резервации
  • tunis djerba

VELIGDEN 2017 DUBAI


13-17 АПРИЛ 2017
ПАКЕТ ЦЕНА ПО ЛИЦЕ

619 ЕВРА / ХОТЕЛ 4* НА БАЗА НП со најдобра локација во ДУБАИ


АВИОН ОД СКОПЈЕ + ТРАНСФЕР + 4 НОЌЕВАЊА ВО ДУБАИ + РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ
валидна
за резервации и уплата до пополнување на местата

Цената е по лице за сместување во наведена
двокреветна соба за даден период за максумум две лица.

Програма на патувањето:

5-/ 4 ноќи, – авиокомпанија “FLY DUBAI”


1 ден СКОПЈЕ-ДУБАИ. Полетување на авионот за Дубаи во 13.00 часот (FZ792). Слетување во Дубаи во 21.00 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.
2 ден ДУБАИ можност за организација на факултативни излети. Ноќевање во хотел.
3 ден ДУБАИ СО ТУРИ – ГРАДСКА ТУРА Дубаи City tour,
После доручекот, започнува нашата полудневна традиционална градска тура и разглед на Дубаи и  во вечерните часови одиме на крстарење по крикот (со вклучена вечера).
Прекрасна можност да го видите традиционланиот град и модерниот Дубаи. Нашата тура започнува со возење кон Палмата Jumeirah, која се смета за една од осумте светски чуда, каде ќе имате можност само за кратка фотосесија пред хотелот Atlantis. Продолжуваме со возење кон прекрасната џамија Jumeirah Mosque, изградена  во 1979 во традиција и стил на познатите џамии од Египет. Продолжуваме да возиме кон автопатот Sheikh Zayed road, за да ја видиме кулата Burj Khalifa, највисоката зграда во светот, ја гледаме панорамски. Нашата тура не носи кон стариот дел од градот, каде попатно ги гледаме импресивните палати каде живее владеачката фамилија шеици на Дубаи и продолжуваме кон Дубаи крикот. Со водичот го посетуваме Музејот на Дубаи и тврдината Al Fahidi, која е скоро два века стара и е познат споменик во Дубаи и која го илустрира минатото на Дубаи. Потоа го посетуваме познатиот пазар на злато и зачини, каде ве очекува ценкање и забавен шопинг. Одиме кон продавници за сувенири, каде ќе имате време да купите антиквитети, сувенири или занаетчиски работи. Нашата тура завршува кај познатиот хотел Burj Al Arab, каде ќе можете да се фотографирате пред хотелот на места за застанување за фотографирање. Враќање во хотелот полни со прекрасни спомени.
Во попладневните и вечерните часови можност за организација на прошетки и факултативни излети. Ноќевање во хотел.
4 ден ДУБАИ–  можност за организација на факултаивни иузлети.
5 ден ДУБАИ-СКОПЈЕ.Во раните утриснки часови трансфер на аеродром. Полетување на авионот од Дубаи во 09.30 часот (FZ791). Слетување во Скопје во 12.15 часот.
Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:
– Максимален број на лица во двокреветна соба се две возрасни.
– Повисоки категории на соби и апартмани се на барање и цената е на барање заради доплата на повисока категорија на соба.
– Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.
– Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (самопослужување)
– Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците
– Потребни документи за виза: скенирана фотографија и пасош и податоци за патникот
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
– За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност
– Информации и слики од хотелите може да ги најдете на нивната официјална web страна
Цената вклучува:
– Повратен авионски билет на релација  Скопје – Дубаи – Скопје со FLYDUBAI;
– Трансфер аеродром – хотел – аеродром ;
– 4 ноќевања во хотел 4* на база ноќевање со појадоk (област TCOM – Al Barsha);
– ПОЛУДНЕВНА ДУБАИ ГРАДСКА ТУРА – (групна тура со водич/ преведувач на српски јазик)
– Локална асистенција на водич во Дубаи за екскурзии согласно програма и напомена, за факулативи и дополнителни информации
– Организација и реализација на патувањето
Цената НЕ вклучува:
– аеродромски такси – 50ЕУР по лице (задолжително)
– Влезна виза за  Дубаи   – 85ЕУР по лице
– посета на Burj Khalifa
– Сафари во пустина со вклучена вечера
– крстарење Dhow Cruise со вклучена вечера
– посета на MIRICLE GARDEN 
– посета на GLOBAL VILLAGE
– DUBAI PARKS & RESORTS
–  разглед на Абу Даби
– Патничко осигурување
– Останати индивидуални трошоци.
– Туристичка такса која се плаќа директно во хотелот
* туристичка такса само во Дубаи (TOURISM DIRHAM, по одлука на DTCM, а број D/000/152/1 87од 05.02.2014) која се плаќа од 31.03.2014
Во хотелот на лице место при check in или при check out   и истата изнесува:
* Хотели 4* / 4* lux 15  дирхами (15 DHS ≈ 3 EUR) по соба по ноќ
Во случај на апартман со повеќе соби таксата се плаќа за секоја соба според горе наведените критериуми.
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:Уплатата е во денарска противвредност по продажен курс 62,00. Цената е гарантирана само за уплата на аконатција за резервација. Во спротивно, гарантиран е изност на аконтација, а остаткот е подложен на промена.
НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
– Во готово – уплата на аконтација 50% од вкупната цена на аранжманот за резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.
– кредитни картички
– уплата преку фактура
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Важни напомени:
–   За добивање на виза за ОАЕ  потребно е при резервација да го донесете пасошот (валиден мимимум 6 месеци од датум на патување) и слика во боја или да ги доставите скенирани со висока резолуција во JPG формат скенирани првите две страни од пасошот  на кои се наоѓаат податоците на патникот  како и слика со димензија за пасош (доколку ги доставувате скенирани пратете ги на маилот:( Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.">[email protected] ). Износот за трошоците за визирање не се враќа во случај на неодобрување на виза од страна на имиграционо одделение на ОАЕ. Постои можност  имиграционото одделение да  побара дополнителни документи во зависнот од поединечни случаеви.
НАПОМЕНА – Поради промена на тарифите на авио билетите можна е промена на цената за пакет аранжман. Пред резервација ве молиме цената и условите на патување да ги проверите со вашиот агент. Можна е промена на саатниците на полетување и слетување на авионот во Скопје и Дубаи согласно промена дирекно од авио компанијата.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата на превозниците. Агенцијата го задржува правото за промена на цената и редоследот на програмата според вонредни околности врз кои неможе да влијае.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
ГИ МОЛИМЕ ПАТНИЦИТЕ  ДА ГО ПРОВЕРАТ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.
Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност (1EUR = 62 mkd).

Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • лето Албанија 2025
  • хотел Лондон Спиле
  • Ксамил*вила СТЕФИ
  • вила Билеро Ксамил
  • хотел ХОЛИДЕЈ Велипоја
  • хотел Луми Драч
  • Вила Кливен Драч
  • хотел Ривиера Драч
  • сушањ-суто море
  • солун -шопинг
  • НЕА ВРАСНА ГРЦИЈА
  • лето Албанија 2025
  • Booking online
  • Неа Флогита Грција
  • ХУРГАДА
  • ТУНИС
  • АНТАЛИЈА
  • БОДРУМ
  • контакт и резервации
  • oпшти услови
  • Упатство и правилник за резервации
  • tunis djerba