Turisticka agencija Danibela turist Tetovo
  • лето Албанија 2025
  • хотел Лондон Спиле
  • Ксамил*вила СТЕФИ
  • вила Билеро Ксамил
  • хотел ХОЛИДЕЈ Велипоја
  • хотел Луми Драч
  • Вила Кливен Драч
  • хотел Ривиера Драч
  • сушањ-суто море
  • солун -шопинг
  • НЕА ВРАСНА ГРЦИЈА
  • лето Албанија 2025
  • Booking online
  • Неа Флогита Грција
  • ХУРГАДА
  • ТУНИС
  • АНТАЛИЈА
  • БОДРУМ
  • контакт и резервации
  • oпшти услови
  • Упатство и правилник за резервации
  • tunis djerba

ISTANBUL TURCIJA

.29.04.-03.05.2021
Цена  4.650,00 ден (75 € )
1 ДЕН (29.04.2021) СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ:Состанок на групата спроти хотелот VIP во 16.00 ч. Поаѓање за Истанбул во 16:30. Се патува преку граничниот премин Деве Баир и Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ДЕН(30.04.2021) ИСТАНБУЛ: Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  Панорамско разгледување на градот со автобус и локален водич,Бејазит-најстариот универзитет, Лалели,  Аксарај, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), Таксим. Кратка пауза на плоштадот Таксим и потоа продолжуваме кон Долма Бахче сарајот и стадионот на ФК Бешикташ. По посетата се упатуваме кон азиската страна на Истанбул - брдото Чамлиџа каде што повторно ќе имаме слободно време за одмор, кафе, чај, или ручек во некој од рестораните кои ни стојат на располагање. По прекрасната панорама која ја нуди самиот локалитет се упатуваме во населбата Левент (Истанбулскиот Менхетен) каде се наоѓа највисоката зграда во Турција, Истанбулскиот Сафир. Ќе се искачиме на 54от кат од каде на еден поинаков начин ќе може да го разгледаме Истанбул и сета негова убавина. На крајот ќе влеземе во киното каде ќе имаме 4D симулација на лет со хелихоптер над Истанбул. Потоа се сместуваме во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ДЕН (01.05.2021) ВИЗАНТИСКИ и СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ: Појадок. Ве водиме кон Цариградска патријаршија позната и како Вселенска патријаршија, една од четиринаесетте автокефални православни цркви, со седиште во Истанбул, Турција. На нејзино чело стои Вселенски Патријарх, кој има статус на "прв меѓу еднаквите" од останатите православни епископи во светот. Потоа се упатуваме кон пристаништето од каде што го започнуваме нашето крстарење  по Босфор.По крстарењето продолжуваме во стариот дел на градот кој ве води во славното и бурно минато на Византиските Императори и Османлиското царство: Прво ќе ја разгледаме познатата Света Софија, ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султанахмед плоштадот, Византискиот Хиподром, палатата на Ибраим Паша, Амамот на Хурем Султан. Ќе влеземе во најпознатата палата во светот- Топ Капи  која ќе не фасцинира со своето богатство и големина и секако ќе влеземе во забранатата зона со векови – Султанскиот Харем – со локален водич. На крајот од претпладневната програма ќе се упатиме кон Капали чаршија каде ќе може да се снабдиме со некој сувенир, златен накит или слично. Попладнето слободно попладне за индивидуални активности. Вечерта можност за факултативна Турска културно уметничка и забавна вечер на брод (ноќно крстарење по Босфор со вклучена вечера) или Istanbul night tour. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ДЕН (02.05.2021) ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ: Појадок. По појадокот слободно време за прошетка и шопинг низ Капали Чаршија, по што следува упатување кон  некој од шопинг центрите во Истанбул. По шопингот тргнуваме за Македонија. Се патува преку Бугарија, ноќно возење со попатни паузи.
5 ДЕН (03.05.2021) СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во утринските часови.
 
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
  • две ноќевања со појадок во хотел со 3* 
  • Автобуски превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Посета на трговскиот центар Форум или 212
  • Туристички пратител на програмата
  • Организација и реализација на програмата
 
 Попусти за деца:
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години 30% попуст
 
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување - 200 денари
  • Доплата за сингл соба е 20 евра дополнително од аранжманот
  • Факултативни излети и посети
  • Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • За реализација на аранжманот потребни се  40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
         Факултативни излети и посети
 Пакет 1 : 25 еур
Панорамски разглед на градот                                                                                     10 €
Таксим                                                                                                                               5 €
Чамлиџа                                                                                                                          10 €
Посета на Sapphire Seyir Terasi  со 4D кино проекција                                               20 €
 Пакет 2 : 25 еур
Патријаршија                                                                                                                    5 €
Крстарење по Босфор                                                                                                    20 €
Отомански и Византиски Истанбул                                                                               10 €
 Пакет 3: 50 еур  
Топ Капи (без Харем)                                                                                                      20 €
Харемот во Топ Капи палатата                                                                                      10 €
Посета на Долма Бахче Сарај со водич и влезница                                                     25 €
 
        Останати факултативи
Свечена вечера во национален ресторан                                                                      30 €
Свечена вечера на брод со Турска програма                                                                 35 €
Miniaturk                                                                                                                             10 €
Yerebatan sarnici                                                                                                                10 €
Трговски центар  Watergarden + Istanbul night tour                                                         15 €
Аквариум                                                                                                                            15 €
    
 
   
НАПОМЕНА:
Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Турција, пасошот треба да важи минимум 6 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Турција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари


 
 

Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • лето Албанија 2025
  • хотел Лондон Спиле
  • Ксамил*вила СТЕФИ
  • вила Билеро Ксамил
  • хотел ХОЛИДЕЈ Велипоја
  • хотел Луми Драч
  • Вила Кливен Драч
  • хотел Ривиера Драч
  • сушањ-суто море
  • солун -шопинг
  • НЕА ВРАСНА ГРЦИЈА
  • лето Албанија 2025
  • Booking online
  • Неа Флогита Грција
  • ХУРГАДА
  • ТУНИС
  • АНТАЛИЈА
  • БОДРУМ
  • контакт и резервации
  • oпшти услови
  • Упатство и правилник за резервации
  • tunis djerba